понеделник, 25 ноември 2024
Од Кабинетот на Зеленски

Контраофанзивата на Киев „не напредува толку брзо“

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска контраофанзивата не напредува толку брзо. Кога ќе видиме дека нешто не оди како што треба, тоа треба да го кажеме. „Никој нема да ја прави поубава ситуацијата“, изјави Јермак.

Западните сојузници не вршат никаков притисок врз Киев за ова прашање, туку само прашуваат: „Како можеме да ви помогнеме?, додаде шефот на Кабинетот на Зеленски.

„Целиот свет знае дека е невозможно да се изврши притисок врз Украина“, рече Јермак, кој се смета за десна рака на претседателот Зеленски.

Украина нема да преговара со Русија сѐ додека нејзините воени единици не ја напуштат украинската територија, додаде тој.

„Нашиот став е јасен. Можно е да се размислува за такви преговори дури откако руските сили ќе се повлечат од нашата територија. Целиот свет знае дека пред тоа нема да разговараме со Русите“, изјави Јермак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ