понеделник, 8 јули 2024

Камерното трио Петровска, Јакимовска, Ајтовска вечерва на Скопско лето

Камерното трио што го сочинуваат Билјана Петровска – пијано, Марија Јакимовска – флејта, Верица Ајтовска – виола, ќе настапат вечер во 21 часот во фоајето на Националната опера и балет, во рамки на 45. издание на Скопско лето.

Објавено на

часот

Сподели

Билјана Петровска е активен музички ументик на македонската музичка сцена. Образованието го стекнува во Скопје. Средно музичко образование завршува два отсека инстументален осек- пијано во класа на Рита Поповиќ и наставно теоретски во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј, дипломира во 1997 година и магистрира интерпретација на пијано во 2002 година во класата на Евушка Елезовиќ- Трпкова на ФМУ – Скопје. Во текот на своето музичко образование учествува на многу семинари меѓу кои се Првиот интернационален фестивал во чест на Владимир Хоровиц во Авеиро – Португалија, престојува во Париз два месеца во Градот на уметноста, каде одржува повеќе концерти.

Акцентот на интерпретациското творештво кај неа е насочен кон камерното музицирање. Досега има повеќе настапи со македонски музички уметници на манифестации во земјава како Скопско Лето, Еенски музички свечености, Охридско Лето, Денови на Македонска Музика. Настапува во многу градови низ земјава, како и во Истанбул (Турција),Франција (Париз), Бугарија (Софија), САД (Њујорк), Србија, Хрватска.

Активно камерни состави со кои концертира се Трио/квартет  ВивАрт, Квартетот. Настапува со камерен состав кој изведува авторска музика на композиторот и аранжер Сашо Ливрински – Лаврод (македонски танго композиции и аранжмани на македонски фолклорни песни), како и авторска музика на Давор Јордановски. Моментално е редовно вработена во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј како пијано соработник.

Од 2015 до 2019 година настапува  како прво пијано во оркестарот и бендот во мјузиклите Чикаго и Мама Миа, кои се изведуваа во Македонскиот народен театар. Досега има учествувано во реализација на повеќе носачи на звук, Кларинетски Фантазии (со кларинетистот Петар Колевски), Македонски композитори (со кларинетистот Љупчо Чедомирски), Романтични мелодии (со трубачот Васо Ристов, онлајн албум со The quartet – свита за флејта и џез пиjано трио од Клод Болинг). Во јуни 2022 година М- СОЛ Рекордс го издаде нејзиониот прв авторски албум „Здивот на вечната љубов“.

Верица Ајтовска е родена 1997 година во Кочани. Основно музичко образование завршува во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани, како ученик на генерацијата, а средно во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип. Учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари по виолина и освојува награди. Во 2021 година дипломира виола со кум лауде на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на Фросина Балова. Учествува на Интернационалниот курс за музика во Ајон, Шпанија, каде посетува настава по виола кај Михаил Земцов и настава по камерна и современа музика кај истакнати професори на универзитети во Шпанија. Ајтовска е член на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ со кој настапува на Охридско и Скопско лето, како и ансамблот на МММ Нонет + со кој има настапувано во Македонија и Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ