понеделник, 25 ноември 2024

Јавните обвинители истражуваат убиство на 29-годишна жена во Штип и престрелка во Арачиново со еден починат

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип извршил увид на местото на настанот, каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена. Како што соопштија од ЈО, едно лице е задржано во полициска станица.

Објавено на

часот

Сподели

„ При увидот беа подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција“, се наведува во соопштението.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа извршил увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено. Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од местото на настанот се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видеонадзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција. „Првичните сознанија, упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ