Ивановски се чини дека се истроши на вчерашниот меч кога го совлада вториот носител на турнирот, Александар Ковачевиќ од САД кој е 99. место на АТП листата.
Денеска Калин загуби од домашниот тенисер Милош Карол (540 АТП) во два сета, беше 7-5 и 6-4 за Словакот.
Ова за Ивановски беше само трет меч по отуството од повредата кое траеше дури 11 месеци.