Ивановски во денешното полуфинале беше подобар од Олександр Овчаренко, украинскиот тенисер кој му е партнер на турнирот во двојки.
Македонскиот тенисер мечот го доби во два сета со 7-5 и 6-2.
Ивановски во финалето ќе игра со подобриот од Французинот Табур и Италијанецот Винсент Руџери.
На турнирот во двојки Ивановски заедно со Олександр Овчаренко во финалето ќе играат против Андреј Чепелев и Микалаи Халак.