петок, 6 декември 2024

Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази, добитници на државната награда Св. Климент Охридски

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за  2024 година во областа на воспитанието и образованието ќе ја добие универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, а во  областа на културата и уметноста – писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за култура, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, под претседателство на Томислав Османли, ја донел одлуката за годинашните лауреати на кои признанието ќе им биде врачено на 8 декември напладне во Собранието на Македонија.

„ Државната награда ‘Св. Климент Охридски’ е  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија“, наведува Министерството за култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ