петок, 6 декември 2024

Рекордни снежни врнежи во Сеул, сообраќајот во застој, откажани летови, илјадници без струја

Главниот град на Јужна Кореја во средата беше прекриен со најсилните ноемвриски снежни врнежи, поради лошите временски услови отежнат е сообраќајот, прекината е струјата и беа приземјени стотици летови додека властите се подготвуваат за уште снег во наредните денови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку две лица загинаа во сообраќајни несреќи на автопатите источно од главниот град, а делови од згради и градилишта кои паѓаа поради силниот ветер повредија дел од пешаците во Сеул, јавуваат медиумите.

Постудениот воздух кој доаѓа од северозапад го претвори дождот во снег во текот на ноќта, оставајќи 18 сантиметри снег на земјата до 15 часот, што ги означува најсилните снежни врнежи од почетокот на евиденцијата во 1907 година, соопшти метеоролошката агенција.

Министерството за внатрешни работи предупреди дека влажниот снег ја зголемува опасноста од оштетување на објекти и имот поради високата концентрација на влага.

Повеќе од 200 летови беа откажани или одложени, повеќето од нив домашни, бидејќи аеродромите низ земјата доживеаја тешки временски услови со силен ветер, а најмалку 70 траекти кои сообраќаат до островите беа суспендирани.

Струјата за илјадници домаќинства во неколку области на Сеул и централниот регион била во прекин, со оштетувањето на електричните водови поради паднати дрвја и други причини поврзани со снегот, според медиумските извештаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ