петок, 13 декември 2024

Во Формула 1 од 2026 ќе има нов тим, влегува Кадилак

Од наредната година во Формула 1 добива нов тим и тоа екипата на Кадилак.

Објавено на

часот

Сподели

Наскоро бројот на тимови во Формула 1 ќе се зголеми, од 2026 година влегува Кадилак.

„Преданоста на Џенерал Моторс и Кадилак во овој проект е важа демонстрација и еволуција на нашиот спорт. Сигурни сме во одлична соработка и поддршка од сите вклучени страни“, изјави извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

„Џенерал Моторс е голем глобален бренд и сила во свесто се работи за импресивни партнери. Во целосно ги поддржувам напорите на ФИА, Формула 1 и тимот да се одржи дијалогот и да работат по овој начелно постигнат договор. Сите страни ќе продолжат да работат заедно за да обезбедант напредок во процесот“, додаде претседателот на ФИА, Мохамед Бен Суали.

Како што се најавува тимот ќе го носи името Кадилак Ф1 и во првите две години ќе ги користи моторите на Ферари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ