среда, 11 декември 2024

Ферстапен ја одбрани титулата, петтото место во Лас Вегас беше доволно за да стане шампион

На две трки до крајот, возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја одбрани шампионската титула во Формула 1 откако заврши на петтото место на трката во Лас Вегас што беше доволно за четврта круна по ред.

Објавено на

часот

Сподели

Утринава на трката за Големата награда на Лас Вегас, Холанѓанецот финишираше на петтото место, со тоа направи недостижна предност пред конкурентите.

Неговиот главен конкурент Ландо Норис заврши зад него, на шестата позиција и тоа беше клучен момент за шампионската титула на Ферстапен.

Во сенка на неговиот успех остана втората победа сезонава на Џорџ Расел од Мекларен, пред неговиот тимски колега Луис Хамилтон кој ги вози последните трки како член на британскиот тим. До подиумот стигна Карлос Саинс кој заврши пред вториот возач на Ферари, Шарл Леклер.

До крајот на сезоната остануваат уште трките во Катар (патеката Лусаил) и Абу Даби (Јас Марина), но тие ќе имаат само ревијален карактер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ