среда, 4 декември 2024

Пол-позиција за Расел во Лас Вегас, Гасли пријатно изненади

Британскиот возач Џорџ Расел ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда за Лас Вегас откако оствари најбрзо време во квалификациите.

Објавено на

часот

Сподели

Расел дојде до третата пол-позиција оваа сезона, вкупно четврта во кариерата со што ја потврди доминацијата на Мерцедес во овој тркачки викенд. Тој оствари време од 1:33.186. Сепак неговиот клупски партнер потфрли и заврши на десеттото место.

Карлос Саинц од Ферари имаше второ најдобро време, трет беше Гасли кој е најпријатното изненадување во квалификациите, во топ десет завршија и Леклер, Ферстапен, Норис, Цунода, Пјастри и Хулкенберг.

Трката за Големата награда на Лас Вегас ќе се одржи утре од 7 часот наутро по македонско време.

Во генералниот пласман, Макс Ферстапен е прв со 393 поени, пред Ландо Норис со 331 и Шарл Леклер со 307. Во конкуренцијата на конструкторите, води Мекларен со 593 поени, пред Ферари со 557 и Ред Бул со 544.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ