петок, 13 декември 2024

Ѓорческа се пласира во осминафиналето од турнирот во Италија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа славеше лесна победа над Кристина Новак од Словенија, Македонката загуби само три гејма.

Објавено на

часот

Сподели

Кристина Новак е тенисерка која е на 1.006. место на ВТА листата, па Лина немаше големи проблеми да се справи со неа.

Мечот траеше еден час и шест минути, а Ѓорческа го доби со 6-1 и 6-2.

Турнирот во Италија се игра во сала.

Во следната рунда македонската тенисерка ќе игра против осмата носителка Британката Амарни Бенкс, која во денешниот меч славеше победа полската тенисерка Урсула Радванска со 2-0 во сетови (63 63).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ