недела, 30 јуни 2024

Историја во НБА: Леброн Џејмс ќе игра со синот Бони во ЛА Лејкерс!

Леброн Џејмс ќе си го оствари сонот пред да оди во пензија, неговиот син Бони Џејмс ќе му биде соиграч во Лос Анџелес Лејкерс.

Објавено на

часот

Сподели

За прв пат во историјата на НБА, татко и син ќе играат во исто време, а ќе бидат и дел од ист тим.

ЛА Лејкерс му ја исполни желбата на Леброн Џејмс, и утрово го драфтуваше неговиот син.

Во втората рунда на драфтот, „езерџиите“ го одбраа Бони Џејмс како 55-ти пик.

Се шпекулира дека на ваквата разврска кумувал и агентот Рич Пол, кој им се заканал на екипите дека Бони Џејмс ќе игра во Австралија доколку го одбере некој друг.

Бони Џејмс, кој минатото лето добро ги исплаши сите кога колабираше на терен, имаше скромен учинок минатата сезона и во просек забележа 4,8 поени, 2,8 скокови и 2,1 асистенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ