Бурцев, инаку, е осум години помлад од холивудската ѕвезда. Рускиот актер и самиот во една прилика забележал дека не добива деловни можности поради неговата зголемена тежина, но и поради ковид-кризата којашто се случила во неповолен миг во неговиот живот. Иако очекувал дека улогата на „двојник“ ќе му донесе одредена слава, пари и статус, сепак учеството во реклами не е доволно за тоа.
Бурцев нема дури ни своја страница на Светската филмска база на податоци – ИМДБ.
Пред да стане глумец во реклами и слични ситни проекти, Русинот работел како ИТ-специјалист, живеел со своите родители и една мачка во изнајмен стан во Подолск, близу Москва. Бидејќи глумата не му донела очекувани резултати, повремено работел на пазар и во продавница за железарија.
Но, тоа не било доволно за тој да биде финансиски стабилен, па завршил во Руската армија.