недела, 23 јуни 2024

И портрет на Џафери ќе ја краси Владата крај портретите на досегашните премиери

Teхничкиот премиер во заминување, Талат Џафери доби свој портрет кој ќе остане внатре во зградата крај другите портрети на поранешните претседатели на Владата. За тоа да го дознае и јавноста, се погрижи самиот Џафери, кој е многу горд на својата функкција претседател на Владата, како прв Албанец на таква државничка функција во македонската држава.

Објавено на

часот

Сподели

За портретот од кој очигледно е многу задоволен Џафери, се погрижил уметник кому техничкиот премиер кој оваа функција ја презеде кон крајот на јануари, му е многу благодарен.

„Благодарам Едмонд Драми за маестралното сликање на мојот премиерски портрет. Ти посакувам понатамошни успеси во уметничкото патешествие!“, напиша Џафери на фејсбук, а објавата ја проследи со низа фотографии, од кои одбравме две.

Џафери наскоро заминува во опозиција, а крај неговиот портрет, по извесно време извесно е дека ќе стои портртет на Христијан Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ