ГАЛЕРИЈА
МКД.мк на црвениот тепих на затворањето на Кан
„Анатомија на падот“ на француската режисерка Жастин Трие ја освои Златната палма на годинашниот Кански филмски фестивал што заврши синоќа. Трие е третата жена што ја освоила Златната палма досега (по Џејн Кемпион за „Пијано“ и „Титан“ од Жулија Дукурно, која годинава беше дел од жирито). Наградата ѝ ја додели Џејн Фонда, која забележа до каде стигнал Кан откако таа првпат била на фестивалот – рекордни седум жени во конкуренција.Дукурно ја додели Гран при на „Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер. Наградата за најдобар актер ја доби Коџи Јакушо, кој глуми човек од работничката класа од Токио во „Совршени денови“ на Вим Вендерс. Наградата за најдобра актерка беше изненадување, ја доби турската актерка Мерве Диздар за улога на наставничка во селско училиште во „За сувите треви“ на Нури Билге Џејлан.Сакамото Јуџи ја освои наградата за сценарио за „Чудовиште“ на Хироказу Коре-еда, кој исто така ја доби и Квир палмата, додека финскиот режисер Аки Каурисмаки ја доби наградата на жирито за „Паднати лисја“.За најдобар режисер е прогласен Тран Ан Хунг за „Пот о фе“ (според истоименото француско јадење слично на трулитава), приказна за заедничката страст помеѓу познат гурман (Беноа Мажимел) и неговата готвачка (Жилиет Бинош) што се случува во Франција во 19 век .Наградата Златна камера за најдобро деби, која ја избира друго жири, ја доби тричасовниот уметнички филм на виетнамскиот режисер Тиен Ан Фам „Внатре во жолтата кожурка“, кој премиерно беше прикажан во селекцијата Кензен -15 дена на авторите.
Фото:
Фото: Луна Китановска