Британскиот весник тврди дека Пјонгјанг во последните недели на Русија ѝ испорачал педесетина самоодни топови М1989 „Коксан“ со калибар 170 милиметри од домашно производство, чиј ешалон претходно бил забележан во Краснојарск во Русија.
Исто така биле испорачани дваесет ажурирани повеќецевни ракетни системи од 240 милиметри, кои претставуваат аналогна верзија на советскиот систем „ураган“ и можат да испукуваат и конвенционална и наведувана муниција.
Претходно Северна Кореја соопшти дека го модернизирала тој противвоздушен ракетен систем и го опремила со „високо прецизни“ ракети.
Испораките на оружје од Северна Кореја означуваат најново проширување на поддршката на таа земја на Русија во конфликтот во Украина, пишува ФТ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа претходно дека Северна Кореја „всушност се вклучила“ во војната против Украина. Рускиот претседател Владимир Путин на 14 октомври во руската Дума поднесе нацрт за ратификација на договорот за „сеопфатно стратегиско партнерство“ меѓу Русија и Северна Кореја, а договорот беше ратификуван на 24 октомври.