сабота, 16 ноември 2024
Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Еве и дер Лаен ќе дојде, но уставни измени нема да има, вели Мицкоски

„Секој добронамерник е добредојден, секој кој што сака да разговара, јас ќе разговарам.Ние комуницираме со странските фаткори, им ги даваме нашите аргументи и дознаваме дека од власта добивале лажни информации зашто се свесни дека нема договор за политичка амнестија и затоа се очајни – еве повторувам, уставни измени под бугарски диктат нема да има“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето од новинарите дали ќе има состанок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, чие доаѓање се очекува деновиве. 

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме ние многу теми кои што за нас се многу поважни од темата за уставни измени. Ние нашите аргументи сме ги кажале, многупати во овие 16 месеци доаѓале светски дипломати и многупати по телефон со нив сме разговарале, стотици пати можам да речам. Но од другата страна не сме слушнале аргумент кој што нас може да ни даде комотна и комфорна ситуација и да речеме, да, е  сега не убедивте“, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Мицкоски додаде дека многупати соговорниците од странство добивале лажни информации од Владата, па и од Бујар Османи. 

„Многупати на тие состаноци, во тие телефонски разговори ние со нашите аргументи сме ги разубедувале соговорниците бидејќи добивале претходно лажни информации од страна на луѓето во Владата, меѓу кои е и овој кој што го споменавте Бујар Османи“, рече Мицкоски.

Тој оцени дека ги разбира, зашто, како што нагласи, тие се очајни и се под притисок зашто гледаат дека доаѓа крајот на нивната кариера и дека ќе треба да одговараат.

Мицкоски повтори дека уставните измени пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги прифатат.

„Нема да има уставни измени под овие услови, затоа што овие услови се понижувачки, антимакедонски, не нудат развој, не нудат напредок и цениме дека тоа што го потпишаа, пред се Бујар Османи и Ковачевски, значеше да добијат уште некој месец во својата политичка кариера. Еве успеаја, добија уште година и половина“, рече Мицкоски запрашан за коментар за понудата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи за гласање на уставни измени за возврат на предвремени парламентарни избори.

њ

Во однос на претстојните избори Мицкоски повторно му порача на премиерот Димитар Ковачевски тој да избере датум и за претседателските и за парламентарните избори кој ќе биде помеѓу двата големи празници на пролет, со цел, како што нагласи, да не се трошат непотребно милиони евра.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ ги иницира тие состаноци за договарање за датумот, тогаш ќе се јави Талат Џафери и ќе рече дека е претседател на Собранието и логично е тој да ги иницира, па потоа ќе бидеме напаѓани зошто ние  ги инцираме, а зошто тој не. Затоа рековме нека седнат и нека се договорат, јас имам информација дека денеска ќе имаат работен ручек Ковачевски, Ахмети и Груби, нека седнат нека се договорат и нека кажат, тој и тој ден, во толку часот, работните групи ќе се состанат и ќе зборуваат за иднината бидејќи овие два процеси се клучни за иднината на Македонија“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека нема да има проблем ако Џафери, или Артина Груби или пак Али Ахмети, таа чест му ја препуштат на Ковачевски. 

„Бегаме од суштината, зборуваме за дрвото, а не ја гледаме шумата. Имаме сериозни препораки од ОБСЕ/ОДИХР кои треба да се имплементираат во изборниот законик, а препораките на ОБСЕ/ОДИХР се знае 6 месеци пред избори не треба да се отвора изборен законик, а ние сме помалку од 6 месеци, и повторно ќе интервенираме затоа што некој е кукавица и не сака да излезе и да се соочи со граѓаните“, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека кога тогаш Ковачевски мора да излезе, мора за неколку месеци од денеска да имаме избори. 

„Бега од дуели, од дебати, од новинари, бега од предвремени избори, да се биде кукавица е карактер и ги разбирам, не треба да се срамат од тоа, има плашливи луѓе кукавици и тоа е карактер не се менува на 47- 48 години. Но мора ова да го направиме ако навистина се грижиме за интересот на граѓаните и за развојот на Македонија како држава“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ