сабота, 27 април 2024

Ерменскиот премиер: Ако не му вратиме територии на Азербејџан, нè чека нова војна

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан кажа дека Ерменија би можела да се соочи со војна со Азербејџан ако не постигне компромис со Баку за враќање на некои стратегиски азербејџански територии кои Ерменија ги контролира од раните 1990-ти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пашинјан вчера разговарал со жителите на пограничните подрачја во регионот Тавуш во северна Ерменија, во близина на низа напуштени азербејџански села кои Ереван ги контролира од првите фази на тридеценискиот конфликт меѓу земјите.

ТАСС го цитира Пашинјан кој на снимката од состанокот која ја објави неговата влада вели: „Сега можеме да заминеме од тука. Ако кажеме не, нема ништо да направиме, тоа значи дека до крајот на неделата ќе почне војна“.

Пашинјан во последните недели повеќе пати сигнализира дека е спремен на Азербејџан да му ги врати селата кои на Ереван му се важни бидејќи го контролираат главниот коридор кон северот до границата со Грузија.

Азербејџан истакна дека враќањето на тие територии е нужен услов за мировниот договор со кој би завршил конфликтот долг три децении околу регионот Нагорно Карабах, кој Азербејџан повторно го контролира од септември.

Двете страни кажаа дека сакаат да потпишат официјален мировен договор, но преговорите заглавија на демаркацијата на 1.000 километри долгата граница меѓу двете земји, која е затворена и милитаризирана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ