сабота, 22 јуни 2024

Додик: БиХ е последната колонија во Европа

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина е последната колонија во Европа, во која луѓе од страна, кои никој не ги избрал, го преземале раководството, укажувајќи дека како што нема соживот меѓу Палестинците и Евреите, го нема „ни меѓу Србите и муслиманите во БиХ“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ние, домашните политичари, само излегуваме на избори, победуваме или губиме, но оние кои не се од БиХ ја имаат водечката улога“, кажа Додик во интервју за Џерусалим пост.

Коментирајќи го неодамнешното усвојување на резолуцијата за Сребреница, Додик кажа дека РС нема намера да живее со оние кои работат на дискредитирање на српското име.

„Тоа што се случи не може да се нарече геноцид. Авторитативни експерти кои го посветиле целиот свој професионален живот во проучување на геноцидот утврдија дека не станува збор за геноцид. Сите кои имаат авторитет велат дека тоа не било геноцид. Повеќе им верувам на тие луѓе отколку на политичарите“, кажа Додик.

Единствениот орган во БиХ кој има овластување да одлучува за надворешните работи е Претседателството, кое се состои од три члена, потсети Додик и укажа дека во БиХ не е иницирана одлука за усвојување резолуција, бидејќи немало одлика на Претседателството.

„Постапката на донесување на одлуката во ОН почна со инцијатива на муслиманскиот претставник на БиХ во ОН, кој дејствуваше без одлука на Претседателството“, кажа тој и истакна дека сега поради таа резолуција настанале исклучително тешки тензии меѓу различните групи во БиХ.

„Ако се осврнеме на историјата, никогаш немало мирен соживот меѓу Палестинците и Евреите, на ист начин на кој соживот не е возможен во БиХ меѓу муслиманите и Србите“, кажа Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ