понеделник, 1 јули 2024

Денеска на ЕП: Почнува нокаут фазата, Италија на мегдан со Швајцарија, Германија ќе се сретне со Данска

Почнуваат вистинските возбудувања на Европското првенство, стартува осминафиналната фаза со два дуели, најпрво Италија ќе се соочи со Швајцарија, а потоа домаќинот Германија ќе игра против Данска.

Објавено на

часот

Сподели

18:00 Швајцарија – Италија

Италија не покажа многу во групната фаза од Европското првенство, се чини дека Италијанците немаат капацитет да го одбранат тронот, но шанси да го направат тоа имаат уште.

Тимот на Спалети во групната фаза ја победи единствено Албанија. Загуби од Шпанија, а во последните секунди се спаси од пораз против Хрватска.

Денеска предизвикот се вика Швајцарија, а тие оставија многу подобар впечаток досега. Тргнаа со триумф над Унгарија, одиграа 1-1 против Шкотска, беа на работ да ја победат Германија, но домаќинот се извлече во финишот, па и тој дуел заврши нерешено.

На денешниот меч во Берлин, двете селекции нема да можат да сметаат на по еден играч поради жолти картони. Во составот на Италија ќе го нема Калафиори, а кај Швајцарците, Видмер.

Мечот ќе го суди полскиот судија, Марчињак.

21:00 Германија – Данска

Во вечерниот термин домашната селекција на Германија ќе игра против Данска. На хартија домаќините се сериозен фаворит во овој дуел, но Данците покажаа дека можат да се носат со секого.

Германија фуриозно ја почна групната фаза, со победа над Шкотска од 5-1, но лошо ја заврши, се спасуваше од пораз против Швајцарија.

Данска немаше ниту една победа, но немаше ни пораз. Трите натпревари ги заврши нерешено, а тоа беше доволно да помине во осминафиналето.

Поради жолти картони Германија нема да може да смета на дефанзивецот Та, а Данска од истите причини нема да го игра Хјулманд.

Натпреварот се игра на Сигнал Идуна Парк во Дортмунд, а ќе го суди англискиот судија, Мајкл Оливер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ