понеделник, 1 јули 2024

Денеска нѐ очекува сончево и потопло време со мала до умерена облачност

Најниска темепратура во државата утрово од 11 степени целзиусови е измерена во Берово. Следат Крушево со 13 степени, 14 во Крива Паланка и Претор, 15 Битола, 16 Охрид, Тетово, 17 Штип и 18 степени во Скопје кај Петровец, Демир Капија и во Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Најмногу воден талог за изминатите 24 часа заклучно до 8 часот е наврнат во Штип од 9 литри на метар квадратен, а во Крива Паланка 1 литар на метар квадратен.

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Упрвата за хидро метеоролошки работи. Поради локалноста на процесите, од УХМР посочуваат дека паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 34 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ