недела, 23 јуни 2024

Дали струјата ќе поскапи или новата власт тоа ќе го сопре?

Извори во владата брифираат дека е планирано зголемување на цената на струјата за 5 проценти, а од ЕВН пак дека одлука нема. Новата цена би важела од 1 јули. Но, од новата власт веќе имаа најавено дека ќе го штитат стандардот на граѓаните, додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања најавуваше укинување и на давачката за пристап до мрежата. Прашањето е повторно може ли техничката влада да носи и вака важна одлука?

Објавено на

часот

Сподели

Сања Божиновска, чие име се врзува за Министерството за енергетика кое ќе го воведе идниот премиер Мицкоски, како што објави ТВ Сител, вели дека нема да се дозволи поскапување на струата. Таа најави и ревизија на работењето на ЕСМ и РЕК Битола.

„Зошто владата донела одлука зад затворени врати за зголемување на цената за 5% што ЕСМ ќе му ја продава на ЕВН хоум,  врз која основа  и со кои аргументи го правда скокот од сегашните 57 на 60 евра за  мегават час?“, вели Божиновска.

На  20 јуни е закажана аукцијата на тендерот за набавка  на струја за домаќинставата, а потоа Регулторна ќе донесе одлука.

Доколку биде донесена одлука, цената за 5 проценти ќе биде во однос на јануарските сметки на струјата.

Имајќи предвид дека поскапувањето ќе ги погоди оние што немаат пари и ја штедат струјата за да добиваат сметки со пониски суми, од Регулаторната комисија најавија дека ќе се направи анализа со цел, доколку е можно, евтината тарифа да се продолжи за уште еден час.

Во предизборната кампања лидерот на ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе ја укине новата давачка за пристап до мрежа. Од Регулаторна тогаш реплицираа дека во таков случај цената на струјата во евтината тарифа би можела да се зголеми за дури 15 проценти.

Најголемо учество во крајната цената на струјата што ја плаќаат домаќинствата отпаѓа на државната ЕСМ, потоа на Електродистрибуција која е фирма на ЕВН. Унивезразлниот снабдувач, ЕВН Хоме учествува со 9,9 отсто, а најмал удел има МЕПСО со 4 отсто. Покрај ова во крајната цена влегуваат и маржата на енергетските компании, трошокот за обновливи извори, за балансираната енергија, за увозот од слободен пазар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ