„Ние меѓу себе не сме зборувале дека нешто се случувало. Ете се кажа за тие различни случаи, за поткуп и вториот случај за кражбата и морам да кажам дека тие што го пријавуваа делото многу лошо поминуваа. Беа испрашувани на многу тежок начин, им се закануваа дома да не пријавуваат. Медицинските сестри после тоа рекоа дека и ако нешто видат нема никогаш да пријават“, посочи Црвенкоска без при тоа да прецизира кој е тој што ги испрашувал медицинските сестри и кои се тие што „лошо поминуваа“.
Таа истакна дека Клиниката секогаш била во центар на внимание од причина што, како што кажа, таму има големи интереси и многу скапи лекови.
„Причината за претходните многу брзи разрешувања на раководители беше поради тоа што не можеше да се обезбеди лек, лековите се трошеа на почетокот на месецот и потоа пациентите цел месец остауваа без потребната терапија. Имаше големо расположение од тогашниот министер Имер Селмани да се реши состојбата на Онкологија и навистина и тие и јас како директор дадовме големи напори. Ни обезбедија средства за компјутеризација и состојбата што ја затекнав беше поразителна. Иако имаше толку скапа терапија немаше воопшто поврзаност на материјалното работење со сметководственото и финаниското, имаше само еден компјутер незаштитен, буквално незаиштетен, односно секој кој ќе работи на него се наоѓаше во болничката аптека и можеше да ги менува податоците“, раскажа таа.
Додаде дека подоцна биле донесени компјутери во секоја единица и се направило софтверско решение, односно поврзување на сите единици, како и елкетронски систем кој и сега се користи.
-Овој систем ги задоволува потребите за обезбедувањето на лековите да биде месечно целосно испланирано. Секој ден имаше стручни состаноци, во тоа време практично се одвои Клиничкиот центар заради огромните долгови што ги имаше и ингеренциите се спроведоа на клиниките и тие стана правни лица и нас ни ја дадоа можноста да ги направиме набавките“,истакна Црвенкоска.
Таа рече дека клиниката за Онкологија има реноме од времето на поранешна Југославија и ова што се случува многу емотивно тешко го поднесува.
Воедно подвлече дека дека за биолошката терапија многу помпезно се зборува, но оти таа не се дава на сите пациенти од причина што е неопходно претходно молекуларно тестирање.