„Од реакциите на персоналот во Клиниката, станува збор за непочитување на стандардите и оневозможување на развој на научната дејност во Клиниката. До Левица пристигнаа низа реакции од здравствената и академската фела за несоодветниот пристап во формирањето на Ургентен центар. Имено, концептот на ‘оддвоени’ хируршки и интернистички ургентен центар не постои во ниту една друга држава во светот! Вообичаено при тријажа на пациенти кои имаат ургентни состојби, лекарите одлучуваат дали понатамошниот третман ќе биде од страна на лекар специјалист по интернистички или по хируршки болести. Како што наведуваат вработените од Клиниката за токсикологија, во сите држави функционира исклучиво единствен ургентен центар, каде на едно место се решаваат сите случаи со што се овозможува брз, сеопфатен и рационален пристап кон третманот на пациентите. Дополнително, новиот импровизиран ургентен центар се гради во просториите на Универзитетската клиника за токсикологија, со што значително се редуцираат капацитетите на Клиниката“, се вели во реакцијата на Левица.
Оттаму додаваат дека именувањето на Чибишев за директор е контроверзно од неколку аспекти, со оглед на тоа што тој е поранешен претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дополнително, за неговиот избор за професор на УГД постојат сериозни сомнежи дека е незаконски. Односно, со партиски и несоодветни именувани кадри во здравствените установи, јавното здравство ќе продолжи да тоне и со новата влада на ДПМНЕ-ЗНАМ-Вреди. Ја известуваме јавноста дека Левица подготвува амандмански интервенции за предлог-Буџетот на Република Македонија за 2025 година, кои ќе овозможат соодветен Ургентен центар како посебна зграда во комплексот Клиника ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, додаваат од партијата.