недела, 30 јуни 2024

Би-би-си: Дури и најлојалните соработници на Бајден се свесни дека ова беше катастрофален настап (ВИДЕО)

„Веќе во првите неколку минути од дебатата, поради зарипнатиот глас на Бајден и несигурното однесување, демократите ширум Америка почна да ги фаќа паника, разменуваа пораки за можната потреба од промена на кандидатот“, вели дописничката на Би-би-си, која ја анализираше дебатата од Атланта, каде во седиштето на Си-ен-ен се одржа дебатата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Демократите се надеваа дека ќе видат поенергичен настап кој ќе им покаже на гласачите дека Бајден не е премногу стар за реизбор. Тие го добија спротивното.

Додека Бајден се обидуваше да ја одбрани својата имиграциска политика на јужната граница, беше тешко да се разбере што тој воопшто зборува.

Доналд Трамп се соочи со тешки прашања во врска со немирите на 6 јануари и неговата неодамнешна пресуда за кривично дело. Но, Бајден се мачеше да ја одбрани својата позиција за прашања каде што требаше да биде најсилен, вклучително и абортусот.

На крајот, двајцата кандидати кои се кандидираа за претседател на Соединетите Американски Држави почнаа да се расправаат за тоа кој е подобар играч на голф.

Истакнати демократи се обидоа да покажат храбро лице, сугерирајќи дека Бајден има настинка и тврдејќи дека според содржината победил во аргументите.

Но и најверните соработници се свесни дека ова беше катастрофален настап. Џо Бајден имаше една задача – да ги убеди Американците дека не е премногу стар. Не помина на тестот“, напиша таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ