недела, 17 ноември 2024
Анализа на бугарската агенција

БГНЕС: Стратешка цел на Грција е коридорот 8 да не биде изграден

Во целокупната грчка геополитичка и инфраструктурна стратегија, првата задача е да го саботира секој проект што предвидува реализација на коридорот 8. Оваа стратегија има длабоки корени, но во последните дваесет години ужива особено внимание и грижа, пишува во анализата што ја изготви тим новинари на бугарската новинска агенција БГнес.

Објавено на

часот

Сподели

Во општата бучава на пропагандата што ги придружуваше процесите на интеграција во Европа, по падот на тоталитарните режими во Источна Европа и распаѓањето на Југославија, Грција побрза да го заштити својот интерес со својата предност дека таа беше единствената на Балканот членка и ЕУ и НАТО. Во исто време, грчката влада работи за создавање на „научно оправдана“ позиција за да се сопнат“ економиите и закрепнувањето на Бугарија, Македонија и Албанија. Нејзината цел беше тие да бидат прифатени во евро –атлантските структури, така што тие ќе бидат економски вградени во шемата создадена од Атина, пишува БГнес.

Оваа шема беше развиена детално во 1996 година, лично од тогашниот грчки премиер Костас Симитис. Основните принципи со кои Грција треба да го диктира економскиот развој на Балканот беа објавени преку работата на познатите економисти. Книгата го носи насловот „Реформа и економска соработка во Југоисточна Европа“. Содржи околу 500 страници, започнува со две воведни студии: „Грчката надворешна политика на Балканот и во регионот на Црното Море“, чиј автор е тогашниот министер за економија Jaнис Папандониу и „Грција и Европа“ од професорот Панајотис Корилис, претседател на Јонската банка што го издаде трудот. Следуваат предговор и 12 поглавја“, пишува во анализата на БГнес.

Според авторите, особено важно за Бугарија е поглавјето 12, со наслов „отворена“ или „затворена“ инфраструктура и политичките отстапувања на патот Игнатиа.

Деталниот увид во содржината на ова поглавје нè убедува дека главниот акцент на грчката инфраструктурна стратегија отпаѓа на спречувањето на изградбата на коридорот 8. Во ова поглавје ја наоѓаме отворената грчка позиција дека земјите како Албанија и Бугарија очекуваат да добијат бенефиции, искористувајќи ја својата географска позиција и тие ги одредуваат нивните односи со соседните балкански земји засновани на еднаквост и взаменост. Природно е дека овие очекувања треба да имаат аспирации кон грчката политика, чија цел е да се премести центарот на гравитација во областа на комуникациите во Северна Грција“, анализира БГнес.

Понатаму, авторите, анализираат колку актуелно звучат овие намери денес.

Следните потези на Грција докажуваат дека јужниот сосед на  Бугарија не страда од никакви скрупули во спроведувањето на оваа стратегија. На првиот Конгрес за инфраструктурни проекти во Солун, на почетокот на септември 1997 година, грчката страна направи сè што е можно за да ги занемари намерите што треба да се стават на агендата за изградба на коридорот 8, пишува во анализата. 

„Кога претставниците на Бугарија, РС Македонија и Албанија го покренаа ова витално прашање за нив, грчките медиуми одговорија како во хор со објавување на материјалот на Трендафил Петканидис, Парајгнациите се сон. Авторот со големо задоволство открива дека желбата на овие земји да го поврзат албанското пристаниште Драч, со Бургас и Варна е поддржана со многу малку пари, обезбедени од Европската банка, и само за делот Драч-Тирана. Весникот Неа Македонија, со неоткриена иритација, ја коментираше изјавата на бугарскиот претставник, Таушанов, кој во својот извештај ја спомна Парајатија, која го нарече осми-европски коридор. Изјавата на бугарскиот делегат го принуди тогашниот ресорен министер, Костас Лалиотис, да одржи специјална прес -конференција, на која, на присутните им објасни дека таков коридор не постои“, пишува во анализата на БГнес.

Следејќи ги хронолшки тогашните случувања, авторите на анализата пишуваат дека „под влијание на сите задкулисни дипломатски потези на Атина, на 7 јули 2000 година, во Рим, се одржа состанок на сите земји заинтересирани за изградба на коридорот 8.

„Непознато е како Грција избори право да учествува на овој форум. Тука таа стори сé за да го спречи потпишувањето на меморандумот за изградба на овој проект. Во ноември 2000 година, Грција започна нова офанзива. За време на турнејата на тогашниот министер за економија Jaнис Папандониу во Албанија, Бугарија и РС Македонија, тој им понуди 50-60 милиони долари за претходната изградба на инфраструктурни проекти што ги поврзуваат овие земји одделно со Грција. Потоа, тој исто така ја оживеа идејата за гасоводот Бургас-Александруполис. Додека бугарската држава и владините институции не ги забележаа овие „лудории“ на нашиот „ментор“ на патот кон Европа, бесот избувна во Скопје. Тогашниот македоснки претседател Борис Трајковски директно и категорично укажа на ова зло. Овие зборови исто така, го бранеа и бугарскиот интерес. Тоа не беше емотивна, туку длабоко осмислена и образложена позиција на македонскиот претседател кој многу добро знаеше дека она што го прави Атина е секогаш корисно за Белград. Тоа излезе на виделина за време на внатрешниот конфликт во Македонија во 2001 година. Подготвеноста на Бугарија да ѝ помогне на Македонија во ова тешко време, во Грција се толкуваше дека властите во Скопје наместо да преговараат со локалните Албанци, бараат помош од надвор, вклучително и од Бугарија, што е многу опасно“, пишува во анализата.

Авторите цитираат дел од анализа на спрскиот весник „Вечерње новости“ од 1994 година во која пишува дека „многу е опасно Бугарија да ѝ помогне на Македонија затоа што изградбата на железничката линија Софија-Скопје-Драч е директна воена закана за јужната граница на Југословенската федерација.

“Всушност, целта е со сите средства да се спречи изградбата на кој било проект во правец на Исток-Запад. Во најавата за финансирање на важни инфраструктурни проекти до 2020 година, објавено од Комисијата за транспорт на ЕУ на крајот на септември 2003 година, коридорот 8 не најде место, одлука која доби веднаш брз одговор во Грција. За време на средбата на тогашниот грчки претседател Константинос Стефанопулос во Белград на 15 октомври 2003 година, со неговиот колега Светозар Маровиќ, тој му кажа дека Грција е подготвена да го забрза финансирањето за изградбата на коридорот 10 и дека Грција издејствувала 238 милиони евра за Србија и Црна Гора во врска со овој проект. Вреди да се признае дека во Бугарија и РС Македонија, и премногу влијателни групи, кои работат прилично дискретно против коридорот 8, бранејќи ги грчките интереси во Бугарија и српските во РС Македонија. Во овој случај, потребен е далеку повеќе прагматичен поглед, кој, над американските и руските интереси, ќе ги види бугарските и македонските придобивки“, пишува во анализата.

На крајот, авторите на анализата заклучуваат дека денес, Бугарија нема право на илузии во однос на Грција, како што биле оние на поранешниот бугарски премиер Александар Стамболиски во првите децении од 20 век.

Грчката стратегија за Софија и во 19 и во дваесеттиот век и во 21 век беше иста, да се еродира нејзиното достоинство, економскиот пораст и просперитетот. Со оваа вистина мора да биде вооружен’ секој што ќе сака da го преземе кормилото на Бугарија и кој ќе седне да преговара за некои прашања со оваа соседна земја“, пишува на крајот од анализата за грчката официјална политика поврзана со изградбата на коридорот 8, коридор кој поминува и низ Македонија, кој ѝ после петнаесетина години од почетокот, не се гледа крајот на неговата изградба.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ