вторник, 2 јули 2024

Белоруска делегација вратена од Романија, спречена да присуствува на седница на ОБСЕ

Делегацијата на собранието на Белорусија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) е спречена да учествува на седницата на оваа организација, соопшти прес-службата на Претставничкиот дом на белоруското собрание.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Белоруските пратеници изразија огорчување поради тоа што романската влада намерно го попречила учеството на делегацијата на белорускиот парламент на седницата на Парламентарното собрание на ОБСЕ и не дозволила влез на делегацијата во земјата.

„Романската влада ја донесе оваа одлука спротивно на сите основни определби и принципи на ОБСЕ. Република Белорусија активно учествува во работата на Парламентарното собрание на ОБСЕ“, се наведува во соопштението.

„Недозволувањето на делегацијата на белорускиот парламент да учествува на седницата на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Букурешт е пример за очигледна дискриминација и пристрасност“, се наведува во соопштението на белорускиот парламент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ