Во соопштението судот вели дека е донесено решение со кое се наведува дека амнестија не се применува за кривичното дело проневера на средства во случајот Пучдемон и дека останува во сила налогот за негово апсење под обвинение за проневера, непослушност и тероризам.
Можна е жалба против таа одлука, пишува во соопштението.
Шпанскиот парламент на 30 мај го одобри Законот за амнестија на каталонските сепаратисти кои беа вклучени во неуспешниот обид за прогласување независност во 2017 година. Тоа беше цената што социјалистичкиот премиер Педро Санчез мораше да ја плати за да остане на власт благодарение на поддршката на двете каталонски сепаратистички партии, тоа беше еден од условите.
Целта на законот беше судот веднаш да започне со повлекување на налозите за апсење на сепаратистите кои избегаа од земјата, дури и додека се чека да се разгледаат жалбите за тој закон, што може да трае со години.
Врховниот суд вели дека амнестијата се однесува на чинот на непослушност, но не и за кривичното дело проневера на пари, за кое го товарат Пучдемон и уште двајца сепаратисти.
Според тоа, налогот за апсење останува во сила само за проневера, не за непослушност.
Терористичкиот чин за кој во посебен случај беше обвинет Пучдемон, не беше земен предвид во оваа одлука.