вторник, 22 октомври 2024
Димитар Љоровски Вамваковски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Преспанскиот договор: „Агресија како неопходна заштита на националните интереси“

Современата дипломатија сѐ повеќе се перцепира и доживува како уметност, отколку наука, иако овие две дисциплини меѓусебно се испреплетуваат кога станува збор за истата. Во суштина дипломатијата е комплицирана практика и уметност на водење на преговори и односи меѓу државите. Таа претставува основен механизам преку кој државите комуницираат, преговараат и решаваат конфликти, со цел да ги заштитат своите национални интереси и да постигнат заеднички цели. Таа вклучува различни активности и техники со цел да се постигнат мирни решенија, да се заштитат националните интереси и да се промовираат меѓународните односи.

Во секој случај, дипломатијата е специфична и многу тешка наука со свој редослед на причинско-последични настани и процеси, кои некогаш, и најчесто, се повторуваат меѓу одредени субјекти за прашања што се од национално и државно значење за определени територии, држави, етнички групи и нации. За да се знае како да се креира сегашната и идната политика мора да се знае историјата, особено онаа историја и процеси кои се поврзани со пошироката, но и конкретната територија на интерес на која одреден субјект егзистира и е принуден да делува за да опстои, но и да креира соодветни политики.

Националните и државните политики подразбираат креирање на механизми на заштита од создавање и/или повторување грешки и носење на вистински одлуки во вистинско време. Од друга страна, чувствата и особено омразата се лош советник во политиката кои можат да постигнат краткотраен позитивен ефект, но и долгорочни негативни ефекти.

Ако се анализира официјалната политика на грчката држава кон Македонија во последниот период во однос на Преспанскиот договор, таа се користи со метод кој е често употребуван во историјата – се обидува да ја претстави агресијата како неопходна самозаштита на своите национални интереси и превентивно да делува против „огромната“, но, реално непостоечка опасност.

Меѓутоа, Договорот од Преспа е реалност, додека во дипломатијата е добро познато, а тоа го потенцираат и грчките професори Сиригос и Хатѕивасилиу, дека во договори од ваков тип нема победници, дека секој добива или губи, и обратно, одредени претходно зацртани позиции за определени стратегиски цели.

Онаа страна која во одредени сегменти од Договорот се чувствува понижена или онеправдена, тогаш условно кажано добива во други делови, и обратно. Сепак, последните постапки на грчката дипломатија се засновани на следниот принцип: да правиме така, дека изгледаме загрижено, но да спречиме нештата да се подобрат. Имено, официјална Атина постојано ја обвинува Македонија и со загриженост потенцира дека се прекршуваат одредени делови од Преспанскиот договор, а во реалноста направи многу малку од своја страна да делува во насока на реализација на своите преземени обврски, односно не ги препознава или, пак, ги игнорира сопствените прекршувања на истиот.

Грчките професори Ангелос Сиригос и Евантис Хатзивасилиу, во нивната книга „Договорот од Преспа и македонското прашање“, детектирале голем број штетни одлуки за грчката национална политика. Еден аспект од многубројните отстапки од вековните грчки црвени лини во однос на „македонското прашање“ претставува, според нив, и заземањето став во однос на македонско-бугарскиот спор. Во поднасловот „Заборавена Бугарија“, најпрво тие нагласуваат дека „во македонското прашање има три заинтересирани страни, а не две. А, навистина, големиот конфликт на ниво на национален идентитет и јазик е тој меѓу Скопје и Софија, а не меѓу Скопје и Атина“.

Сиригос и Хатзивасилиу непринципиелноста на официјална Атина ја гледаат токму во следниот факт: „Со Договорот од Преспа, пак, Грција прави и нешто друго што никогаш не требаше да го направи: зазема став во спорот меѓу овие две соседни држави, па дури и зазема став во корист на позициите на славомакедонците, спротивставувајќи се на бугарската позиција за прашањето за идентитетот. Така, Грција со Договорот од Преспа признава ‘македонски јазик’, нешто со што Бугарија категорично не се согласува, која смета дека славомакедонците од Скопје зборуваат бугарски дијалект. Со членот 7 ја признава ‘македонската’ историја, култура и наследство, со тоа заземајќи став против Бугарија. Овој став е незамисливо арогантен: кои мислиме дека сме ние и дали мислиме дека можеме да одлучиме за идентитетските прашања на соседните народи?

Одлуките на овие аспекти од Преспанскиот договор, според авторите отвораат и едно многу поголемо надворешно политичко  прашање. Имено, тие прашуваат: „На кој национален или балкански интерес му служиме навредувајќи го бугарскиот национализам (една од силните држави на Балканот)? Секако дека неодамна е склучен договор Софија-Скопје. Но, да не заборавиме дека во тој однос влогот е поинаков. Термините и имињата немаат исто значење (и иста динамика). Оттука, невниманието ги надминува билатералните односи меѓу Грција и ФИРОМ.

На крајот од четвртата глава во книгата, грчките професори резимираат од аспект на неколку прашање кои беа опфатени во овој дел и анализираат во однос на грчките национални интереси:

Промената на името на државата ФИРОМ во ‘Северна Македонија’ може да се смета дека (со оглед на околностите) е во вистинска насока, бидејќи новото име носи географска одредница и се однесува на дел од целина. Но, овој аранжман е негиран со други елементи од Договорот од Преспа. Кога толку години Грција бараше да има географска определба во името на соседната држава, тоа секако значеше дека името на оваа држава навистина ќе биде ерга омнес, т.е. за сите употреби.

Во цел свет, името на државата го носи со себе и името на нејзиниот народ. Ова е глобална практика, но тоа не се прави со Договорот од Преспа. Со него, славомакедонците од ФИРОМ ќе можат меѓународно да се нарекуваат ‘Македонци’ (чисто, т.е. не северномакедонци) и да бараат од трети страни да го прифатат тоа. Посебно се нагласува дека во случајот со ФИРОМ терминот ‘Македонци’ и ‘македонски народ’ ќе биде национална ознака и тоа веднаш и видливо на меѓународната сцена, додека, напротив, македонството (се мисли на грчкиот македонизам) на грчкото население нема да може да се проектира на соодветен начин и ќе преовладува позицијата на ФИРОМ, со што се добива впечаток дека ‘граѓаните на Северна Македонија“ се ‘само’ Македонци. Токму тоа Грција се обидуваше да го спречи од создавањето на федеративната ‘македонска држава’ во Југославија од 1944 година – а сега го отфрла.

Со Договорот од Преспа (а особено со членот 7) се воспоставува ‘македонскиот’ идентитет на ФИРОМ/Северна Македонија, индиректно, но јасно, како хиерархиски супериорен идентитет на просторот на пошироката географска Македонија. Всушност, географска Македонија е мултиетнички регион кој е поделен на три различни држави. Но, сè додека еден од народите што го населуваат се ‘Македонците’ (чисто, а не северномакедонците), тогаш другите (Грците, Бугарите, Албанците) очигледно ќе имаат помалку права во оваа поширока Македонија или пак, од трети лица ќе бидат сфатени дека имаат помалку права од ‘Македонците’ во Македонија. ‘Македонците’ и другите не можат да бидат ‘рамноправни’ во Македонија. Овој хиерархиски супериорен идентитет му се припишува на народ од 1,5 милиони луѓе, додека грчките Македонци се 3 милиони (заедно со грчките Македонци кои живеат во остатокот од Грција).

Димитар Љоровски Вамваковски

За Грција Договорот од Преспа е лоша зделка

„Македонија е една и грчка“ – историскиот пат до Преспанскиот договор

„Победници“, „Губитници“ и компромисни решенија: Што предвидува Договорот од Преспа?!?

Сoвременото „македонско прашање“ – опасност или фикција за грчката национална безбедност!?!

За Сиригос и Хатзивасилиу Договорот од Преспа е договор за концепти, термини и имиња

КОЛУМНИ

Филип Клетников

Војна против поединецот! Или: Што не научивме од Макс Штирнер

Миле Ѓорѓијоски

Драг мој земјаче Фатмир Дехари!

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ