сабота, 27 јули 2024
Димитар Љоровски Вамваковски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

За Грција Договорот од Преспа е лоша зделка

Пред некој ден македонската јавност имаше можност преку една домашна телевизија „да го запознае“ новиот Евангелос Кофос во однос на „македонското прашање“ - Ангелос Сиригос (професор по меѓународно право и надворешна политика и пратеник на Неа демократиа). Последниве години Сиригос во грчката јавност и особено политика се профилира како еден од најдобрите познавачи на „македонското прашање“, чии ставови се слушаат во грчката политика, а често и ја насочуваат. Своите ставови околу овој проблем тој неретко ги изнесува и преку јавните и печатени медиуми во Грција, а во 2019 година, заедно со професорката Евантија Хатзивасилиу ја објавија книгата „Договорот од Преспа и македонското прашање“.

Накратко ќе презентираме делови од воведот на оваа книга која детално го следи развојот на македонското прашање и сите аспекти од Договорот од Преспа.

Ставови на Сиригос за причината на пишувањето на оваа книга и општ преглед на темата:

– Оваа книга има намера да му понуди на читателот сеопфатен и целосен опис на одредбите од Договорот од Преспа од 17 јуни 2018 година, прашањата што се наметнуваат, како и оценка за неговото влијание врз текот на македонското прашање. Таа е упатена до секој граѓанин кој е заинтересиран за грчката надворешна политика, македонското прашање и неговите перспективи.

– Основна мотивација во нашата иницијатива за пишување на оваа книга беше сознанието дека јавноста, а особено научниот дијалог за Договорот не секогаш се одвиваше на задоволителен начин. Се разбира, јавната расправа кај нас често се одвива неуредно, ако не и хаотично. Во споредба, начинот на кој владата се справува со домашната политичка сфера доведе до уште поголема поларизација и конфузија. Секогаш кога во современата грчка историја се обидувавме да манипулираме со националните прашања со око на домашната политичка сцена, по правило завршувавме како нејзини заложници.

Ангелос Сиригос

– Ќе поддржиме внимателен и критички однос кон Договорот од Преспа, ќе тврдиме дека промената на името на ФИРОМ е придружена со толку многу отстапки од страна на Грција за прашања кои досега беа нејзини „црвени линии“ – главно прашањата на националноста, јазикот, етничката самоидентификација, брендовите, но и имплементацијата на Договорот – за на крајот конкретниот да биде лош договор. Тоа го означува напуштањето на клучните грчки стратегии на јужниот дел на Балканот. Тој ќе ризикува, доколку се ратификува и стапи во сила, да доведе до повторен и опасен ќор-сокак.

– Зборуваме за лоша зделка, а никако за „предавство“.

– Со прашањата поврзани со Договорот од Преспа се занимаваме самостојно (допираме и прашања кои не се сè уште покренати во јавната расправа) со цел да се обезбеди севкупна слика за важен развој на грчката надворешна политика. Конечно, на ниво на основни методолошки појдовни точки, оваа книга се заснова на специфично разбирање на меѓународните работи – да го наречеме умерен реализам – што треба да се разликува од функционалниот дух. Ја земаме предвид меѓународната средина и особено меѓународното право. Истовремено, ја земаме предвид еволуцијата на македонското прашање, последователните балкански трауми, но и регионалните балкански специфичности. Ги почитуваме сите други народи кои го делат овој регион од светот со нас. Акцентот на специфичното географско поле и неговата реалност е критичен елемент. Меѓународните работи не се физичка наука, чии наоди важат без разлика на место и време. Не мислиме дека бидејќи нешто може да се случи во Пакистан, треба да се случи и на Балканот. Прекумерните поедноставувања, во толку тешко подрачје, се многу опасна работа. Во однос на пошироката меѓународна клима, земаме здраво за готово дека небалканските земји кои се залагаат за договор – дури и големите сили – ќе го поздрават секое решение, без разлика дали тоа го вклучува името „Република Македонија“ или воопшто нема решение на спорното име. Тие едноставно не се грижеа. Ниту пак ги интересираше дали решението е долгорочно стабилно и нуди перспектива за конечно решение. Вака функционира меѓународната дипломатија за прашања кои се сметаат за помало значење и слаб интензитет, како што е македонското прашање. Позицијата на вонбалканските сили е диктирана од нивните сопствени интереси. Не е нивна одговорност да најдат дефинитивно решение. Наша одговорност како Грци е да се грижиме за интересите на нашата земја, а наша одговорност како Балканци (односно, Грција и ФИРОМ) е да се грижиме за стабилноста на нашиот заеднички регион. Договорот од Преспа не дава основа за толку долгорочно стабилно и дефинитивно решение.

Фејсбук статус на Димитар Љоровски Вамваковски, 

професор на Институтот за национална историја

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ