петок, 5 јули 2024

Белата куќа: За Бајден не е неопходен когнитивен тест

Когнитивниот тест не е неопходен за американскиот претседател Џозеф Бајден, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер по жестоката јавна дебата за здравјето на актуелниот американски претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тој знае како да се врати на нозе“, рече портпаролката на прес-конференција по неодамнешниот разочарувачки настап на Бајден во дебатата против републиканецот Доналд Трамп, додавајќи дека неговиот медицински тим претходно рекол дека когнитивниот тест за Бајден „не е оправдан, не е потребен“.

Тој настап беше означен како катастрофален.

Портпаролката на Белата куќа додаде дека нема апсолутно никаква тајна за здравјето на 81-годишниот Бајден.

Лојд Догет, претставник на американската Демократска партија од Тексас, вчера го повика Бајден да се повлече од трката за претседателските избори, по споменатата ТВ-дебата со Трамп.

Од друга страна, високата демократска функционерка Ненси Пелоси вчера изјави дека е легитимно да се поставуваат прашања за здравјето на Бајден, кое долго време е под лупата на јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ