Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди вели дека не смееме да го потцениме противникот и таа лекција веќе ја научивме кога игравме кај него на гости.
„Не ни недостасува мотивацијата и ќе дадеме се од себе од првата минута. Мислам дека ќе оствариме рекорд ако победиме во овој натпревар, а ќе биде убаво и да завршиме со победа на наш терен пред нашите навивачи, поголема мотивација од тоа нема. Треба да бидеме паметни и трпеливи, знаеме против кого играме и дека ќе се бранат. Натпреварот таму ни беше знак дека секој противник е важен и не смеете да го потцените. Се тука по победите и психички сме на подобро ниво, па не интересираат само трите бода“, изјави Барди.