сабота, 6 јули 2024

Асанж на слобода, Викиликс објави тајни документи на израелски разузнавачи

Нешто повеќе од една недела откако Џулијан Асанж беше пуштен од британскиот затвор, со што заврши неговата 13-годишна правна битка, страницата Викиликс, која тој ја основа, објави тајни документи на израелското министерство за информирање, односно разузнавачката гранка на власта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Викиликс на социјалната мрежа Икс сподели таен документ на израелските разузнавачи од октомври 2023, во кој се спомнува израелски план за намерно протерување на цивилите од Газа во Египет. Викиликс наведува дека израелските власти заклучиле дека „таквата стратегија носи долгорочно позитивни резултати“.

„Планот предвидува процес во три чекори кој вклучува поставување шаторски населби на Синај и отворање хуманитарен коридор, по што следи изградба на градови на северен Синај, од кои нема да има враќање“, се наведува во постот на кој е прикачен целиот документ.

Војната во Појасот Газа Израел ја води веќе девет месеци, а израелските власти тврдат дека нема да сопрат додека не го уништат Хамас.

Во нападите на израелската војска во Газа се убиени над 37.000 Палестинци, од кои 56 отсто се жени и деца, а уште десетици илјади луѓе се ранети. Одделни држави го тужат Израел за спроведување геноцид во Газа.

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, страницата која од 2006 година објави низа доверливи документи на светски влади и разузнавачки агенции, пред една недела се врати во Австралија откако се нагоди со судот и призна вина според американскиот закон за шпионажа. САД со години бараа негова екстрадиција, судење и драконска казна за австралискиот новинар за откривање класифицирани документи во кои беа откриени американски злосторства во конфликти низ целиот свет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ