недела, 30 јуни 2024

Андоновски: Хаос во системот, се бара мито од по најмалку 100 евра за лични документи

Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација, изјави дека системот е целосно разрушен од минатата власт, а како пример наведе дека во Управата за водење на матични книги услугите не се целосно дигитализирани, а граѓаните чекаат во редови и вработените им бараат пари за да ги „пикнат” преку ред или се бараат врски за да се заврши една обична работа.

Објавено на

часот

Сподели

„Имам сознанија од мои блиски пријатели, кои што биле да бараат документ за нив, кои ми потврдија дека од вработените им биле барани од 100 евра па нагоре, за документ што би требало да го добијат за 15 дена, им велат дека ќе биде потребно минимум 3 месеци и на тој начин за да ги добиете ‘побрзо’ тие документи, службениците бараат мито за да ja завршат работаta. Корупцијата е на микро ниво и за тоа во првите 100 дена ќе имаме за цел да воспоставиме ред и поредок”, изјави министерот за дигитална трансформација за ТВ Алфа.

„Системот е целосно разрушен, впрочем и да не постои систем. Ова е воочлив проблем и од страна на граѓаните, корупцијата е распространета од најниско до највисоко ниво, бидејќи при нефункционалност на системот, вие ќе имате луѓе кои ќе го злоупотребат тоа за да спечалат црни пари и ако одите по редовна постапка може да чекате и цел ден и да не ја завршите вашата работа. Но, ако најдете врска или платите одредена сума на службениците ќе ви завршат работа”, рече Андоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ