сабота, 28 септември 2024

Актуелната словачка влада ја тужи претходната за предавство поради оружје за Украина

Сегашната влада на Словачка ја обвини претходната влада за предавство и злоупотреба на јавната позиција поради воената помош за Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за одбрана поднесе кривична пријава против претходната влада, конкретно против поранешниот министер за одбрана Јарослав Наѓ, со објаснување дека привремен кабинет нема право да носи толку суштинска одлука, поради која Словачка останала без противвоздушна одбрана откако ѝ испратила 13 свои авиони МиГ-29 на Украина, пренесува Блумберг.

Премиерот Роберт Фицо вети дека ќе ја прекине воената помош за Киев по враќањето на власт минатата година. Претходната влада предводена од Едуард Хегер, сојузник на Киев, не успеа да добие доверба во парламентот и беше во технички режим, дури и пред да се одлучи да ги испрати борбените авиони на Украина.

„Јас лично верувам дека Јарослав Наѓ е предавник и дека не би требало да се извлече“, кажа денес заменик министерот за одбрана Игор Мелихер во Братислава. Наѓ ја бранеше својата одлука за испораката на миговите на Украина како „правно правилна“ бидејќи е заснована на правна анализа и колективно одобрување на владата. Неговите сојузници тврдат дека кривичната пријава е дел од хибридната војна на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ