сабота, 28 септември 2024

Акајдин со еден од најсмешните автоголови на ЕП, Португалија убедлива против Турција (ВИДЕО)

Португалија со 3-0 ја совлада Турција и се пласираше во осмина-финале, Акајдин си постигна еден од најсмешните автоголови на Европските првенства.

Објавено на

часот

Сподели

Португалија се прикажа во мноту подобро светло во однос на првото коло, па вечерва без многу проблеми ја совлада Турција со 3-0 за првото место во Групата Ф и пласман во нок-аут фазата.

Резултатот беше отворен во 21. минута, едно додавање на Мендеш стигна до Бернардо Силва, кој знаеше како да ја искористи укажаната шанса и ја затресе мрежата за 0-1.

Во 28. минута падна еден од најсмешните автоголови на Европските првенства, Кансело лошо испрати една топка до Роналдо, и наместо турската одбрана мирно да ја реши ситуацијата, Акајдин без да види дека голманот тргна по топката, реши да враќа назад и си постигна автогол.

Конечниот резултат беше поставен по десетина минути игра во второто полувреме, Роналдо доби топка во фор, несебично го проигра Бруно Фернандеш, кој рутински реализираше за 0-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ