сабота, 16 ноември 2024

ЗНМ: Новинарите не се само бројка, тие се огледало на јавноста, нападите мора да престанат

Голема е одговорноста и тежината на бројките кога секоја година се потсетуваме на злсторствата сторени врз новинарите и медиумските работници бидејќи, годинава само во Македонија имаше најмалку четири обиди за напад и напад врз новинари и сниматели, истакна Младен Чадиковски претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) на одбележувањето на 2 Ноември – Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата против новинарите. На денешната дебата беа промовирани новите три обвинителки од Тетово, Битола и Штип кои се назначени како контакт точки во трите основни јавни обвинителства (ОЈО) за случаи поврзани со напад на новинари и медиумски работници. 

Објавено на

часот

Сподели

Нина Димитриевска од ОЈО Тетово, Ирена Атанасовска од ОЈО Битола и Татјана Кацарова од ОЈО Штип. заедно со претходно назначената Искра Хаџи Василева од ОЈО Скопје ја сочинуваат четворката обвинителки кои се назначени како контакт точки за случаи поврзани со напад на новинари и медиумски работници. Новите три обвинителки денеска беа промовинарни на дебата по повод 2 Ноември – Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата против новинарите.

Младен Чадиковски претседател на ЗНМ, истакна дека е голема одговорноста и тежината на бројките кога секоја година се потсетуваме на злсторствата сторени врз новинарите бидејќи, годинава само во Македонија имаше најмалку четири обиди за напад и напад врз новинари и сниматели кои се во постапка.

„Ова се само бројки и статистики, а новинарите не се само бројки туку се огледало на јавноста и токму затоа кажуваме зошто е важно неказнивоста врз насилниците да престане. Со години постоеше и сè уште донекаде постои култура на неказнивост на оние што ги напаѓаат новинарите, и тоа мора да се смени, бидејќи нашата цел е јавноста да биде информирана така што новинарите нема да бидат обременети. Ние новинарите имаме клучна улога во поддржувањето на слободата на говорот и слободата на печатот кои се основни столбови на демократијата“, рече Чадиковски.

Тој потсети на нападите врз новинарите од 27 април, прислушувањето на новинарите во изминатата деценија, но и на омаловажувањата и потценувањата на кои се изложени и тие и медиумските работници денес од страна на политичарите.

„Листата на нерешени случаи на напади врз новинарите е голема, но голема е и листата на нашите очекувања и барања за нивно решавање. Целта е да покажеме дека сакаме да ставиме крај на неказнивоста и дека имаме нула толеранција за напади врз новинарите и медиумските работници“, додаде Чадиковски и изрази задоволство што тоа е препознаено од обвинителството.

Според јавната обвинителка Хаџи Василева јасно е дека има вербални напади, а година е забележано и физичко насилство врз новинари и медиумски работници, но она што загрижува вели таа, се онјалн нападите кон жени новинарки.

„Тоа е глобален тренд, кој порано и подоцна доаѓа и кај нас. Годинава  за жал имаме и експлицититни закани по живот на жена новинарка, и е нешто што загрижува сега и ќе загрижува и во иднина, особено што обично истрагите за онлајн нападите се проследени и со низа предизвици од аспект на откривање на сторителите и понатаму водење на истрагата“, рече Хаџи Василева.

Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ) Павле Беловски меѓу другото ги потенцира донесените измени во Кривичниот законик со кој напад врз новинар се смета за напад врз службено лице и тоа се гони по службена должност. Важно е да се сфати, додаде тој, и фактот дека нападите кон новинарите не се лични напади, туку е напад на работата на новинарите која е од јавен интерес.

„Треба да работиме уште посилно и поздружено дека не смее да се напаѓа, и дека мора да се штити јавниот интерес и новинарската работа бидејќи тоа се повисоки императиви во општеството“, рече Беловски, а целта е, вели, нулта напади во една календарска година врз новинари и медиумски работници.

А кога се бројките во прашање, Билјана Арсовска портпарол на Јавното обвинителство (ЈОРМ) истакна дека државното заедно со основните јавни обвинителства имаат причина за задоволство врз основа на резултатите и динамиката на решавање на случаи поврзани со напади врз новинари, како и почитување на меѓународните стандарди.

Ова рече таа, е посочено како позитивен пример и од сите меѓународни организации, кои можат и покажуваат интерeс да го следат и другите земји од регионот. 

„Листата на напади против новинари е навистина долга, но во последно време станува се пократка. Од вкупно шест предмети поврзани со безбедноста на новинарите евидентирани во обвинителствата од почетокот на годинава по два предмета веќе имаме изречена пресуда, во уште два предмета е поднесено обвинение и се очекува судска постапка, од кои еден е предмет на ОЈО Скопје за кој тукушто е донесена јавнообвинителска пресуда. Тоа значи дека четири предмети веќе се решени. По останатите два исто така е постапено, но со оглед дека се работи за закани преку електронски комуникации  се уште не е идентификуван испраќачот. Во 2022 година од пет евидентирани предмети решени се четири, а во еден се трага по сторителот. Од решените предмети изречени се две пресуди, во еден случај предметот е решен уште од МВР со писмено предупредување, додека во еден предмет е донесена резолуција повторно само затоа што од социјалната мрежа твитер е добиен официјален одговор дека не може да се идентификува корисникот на анонимен профил кој веднаш по објавите го згаснал профилот“, рече Арсовска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ