Пратениците на ВМРО–ДПМНЕ денеска најавуваат дека ќе го блокираат носењето на законот со сите можности кои ги нуди Деловникот. Според министерот за правда целта на амнестијата била да се ослободат затворите од бројот на затвореници поради лошите услови за престој. Пресметката е дека ако овој закон помине во Собранието, од вкупно 2.114 затвореници, 286 ќе бидат целосно ослободени, а за 996 ќе има делумно ослободување. Од Министерството за правда велат дека немаат пресметка за тоа колку од 2.813 осудени кои чекаат да влезат во затворите ќе бидат аманестирани.
Со предложениот закон за амнестија не се согласува и заменичката на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која е член на СДСМ. Социјалдемократите најавуваа амандамни за да спречи осудените за Монструм да бидат аменстирани.
Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека законот за амнестија е ветување на власта во однос на ослободување на некои лица пред изборите, и посочи дека тие закони се пишуваат во партиските штабови по интерес и математики на власта во пресрет на изборите.
„Законот за амнестија не е фактички она што сака Лога да го постигне и јасна е приказната – Лога не застана зад усвоените измени во Кривичниот законик, а сега Мадиќ не застанува зад предлог законското решение за амнестија на министерот. Тоа е една какафонија што излегува од Министерството за правда. Всушност тие предлози, ако се сеќавате на реакцијата на Блупринт групата која ја напушти работаат во Министерството за правда, фактички се пишуваат во партиските штабови според некоиј нивен интерес или некои математики во пресрет на изборите“, рече Стоилковски.
За денешната седница најавен е и избор на испразнетото место во Државната изборна комисија (ДИК). Според законот, оваа позиција мора да ѝ биде доделена на опозициска партија од албанскиот блок. ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе даде поддршка за нов член на ДИК да биде избран од здружената опозиција Касами, Меџити и Гаши.
На дневен ред е и интерпелацијата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, но од опозицијата се сомневаат дека власта ќе дозволи таа да се најде пред овој пратенички состав.