Претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување Џо Бајден изјави претходно дека го помилувал својот син Хантер во судските процеси кои се водат против него поради даночен криминал и во врска со носење огнено оружје, а одлуката ја објасни со тврдење дека неговиот син е подложен на неправедно судско гонење.
„Тоа е карикатура на темата демократија“, кажа Захарова за одлуката на Бајден.
Бајден кажа дека вчера го потпишал помилувањето на својот син Хантер, иако кога ја презема функцијата претседател кажа дека нема да се меша во одлуките на судовите.
Наведе дека се држел до таа одлука сè до сега, иако, како што кажа, го гледал својот син како „неправедно го гонат“. Тој оцени дека Хантер Бајден бил гонет само затоа што е негов син.