Комисијата за спречување корупција отвори истрага против Голоб во ноември 2023, по обвинувањата на поранешната министерка за внатрешни работи Татјана Бобнар и поранешниот вршител на должноста началник на полицијата Боштјан Линдав за непристоен политички притисок кој Голуб наводно го вршел врз словенечкото МВР и полицијата.
Голоб на сослушувањето, кое го нарече фарса, на комисијата ѝ го даде своето објаснување и целосни ги отфрли сите обвинувања и им кажа на новинарите дека сега е време за докази и сведоци.
„Денешната постапка е вистинска фарса, јас денес морам да се бранам пред комисијата за спречување корупција исклучиво поради тоа што се залагав за деполитизација на полицијата, што го најавуваме и во предизборната програма“, кажа Голоб по доаѓањето на сослушувањето.
Додаде дека со тоа целосно се поништуваат мерките на претходната влада која сакала да ја потчини полицијата и дека целосно ја поддржува правната држава.
Полицијата исто така поднела кривична пријава против Голоб до специјалниот кабинет на државниот обвинител под сомнеж дека извршил кривично дело корупција „со давање подароци за незаконско посредување“.
Кабинетот на обвинителот може да ја отфрли полициската пријава или да поднесе сопствено обвинение врз основа на полициската пријава и да побара судска истрага.