четврток, 5 декември 2024

Вулин: Законот за регистар на агенти на странско влијание е неопходен, невладините организации се лостот на секоја обоена револуција

Потпретседателот на владата на Србија Александар Вулин оцени дека на Србија ѝ е неопходен закон за посебен регистар на агенти на странско влијание, чиј предлог е поднесен во српското собрание.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Зошто е проблем да се знае од каде ви се (на невладините организации) парите, од кого сте ги добиле парите, како ги трошите и за што ги трошите?“, праша Вулин за време на гостување на телевизијата Б92.

Според него, невладините организации се „основниот лост на секоја обоена револуција“, а се финансираат „секогаш од странство“, добивајќи пари за разни проекти.

„Ги бројат птиците по парковите, прават стратегиски анализи и студии на идните случувања на Балканот, Марс, каде ќе стигнат, а всушност служат за да се соберат пари, а потоа тие пари да се дистрибуираат меѓу оние кои извршуваат одредени задачи, да вршат притисок врз носителите на власта и да вршат промени на јавното мислење“, оцени Вулин.

Додаде дека од таа приказна се издвојуваат невладините кои се бават со децата, ранливите групи и кои „навистина се бават со екологија“, наведувајќи дека се гледа смислата на некоја организација и како ги троши парите, на пример, ако отвори престој за деца со посебни потреби.

„А кога организација која се вика „Центар за стратегиски проучувања на безбедносната ситуација и евроатлантските интеграции“ има милиони евра, кои ги троши на некакви советувања. И види чудо, одеднаш има еден куп волонтери кои се плаќаат, и сите тие волонтери ги гледате на демонстрации и митинзи, и сите одеднаш печатат некакви плакати кои се плаќаат со парите кои всушност биле предвидени за обележување птици“, наведе Вулин.

Оцени дека според тоа се гледа за што служат невладините организации, наведувајќи дека тие се независни само од српската влада, но дека се „зависни од останатите влади кои им даваат пари“, истакнувајќи дека во Србија има многу такви кои велат дека во Сребреница имало геноцид и дека Косово е држава, додека во Приштина нема ниту една која вели дека Косово е Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ