вторник, 2 јули 2024

Вучиќ: Црвен безбедносен аларм на сила до вторник

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека црвениот безбедносен аларм во таа земја најверојатно ќе биде на сила до вторник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека до вторник сè ќе разрешиме и дека до тогаш сè ќе биде во ред“, кажа Вучиќ гостувајќи на телевизијата Прва.

Тој изнесе и дополнителни детали за вчерашниот напад на обезбедувањето на израелската амбасада во Белград, кажувајќи дека напаѓачот бил исклучително добро обичен и дека стрелата ја испукал држејќи го самострелот во ќеса, за нападот да биде целосно неочекуван.

Вучиќ оцени дека нападот бил смислен, но дека напаѓачот не очекувал дека жандармот ќе му возврати.

„Секоја чест на жандармот за присебноста и храброста. Постапил според правилата на службата и го убил злосторникот“, кажа Вучиќ и додаде дека припадникот на српската полиција ќе биде одликуван.

Припадникот на Жандармеријата Милош Јевремовиќ (34) беше ранет вчера во напад пред израелската амбасада во Белград, кога беше погоден со самострел во вратот. Тој пукал во напаѓачот кој починал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ