недела, 7 јули 2024

Вреди нема да дозволи ДУИ да манипулира дека Албанците во власта се омаловажени

Лицемерието на Ахмети и Села нема граници. Преку ден нивниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во заминување со насмевка ги пречека и се фотографираше со новите директори, а попладне на опозициската ДУИ им текна наводно да се загрижи за меѓуетничката хармонија и Охридскиот рамковен договор, велат од коалицијата Вреди во денешната реакција откако ДУИ вчера обвини дека назначувањето на двајцата нови директори кои се Македонци е системски обид за отстранување на Албанците од најчувствителните и витални институции.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Со други зборови им се плаче што ги напуштаат институциите, ги губат привилегиите и се под закана од ревизија на нивното работење. Вреди нема да дозволи да се манипулира со креирање лажна перцепција за наводно институционално понижување на Албанците. Наместо да се служат со подбуцнување, ДУИ нека ѝ одговори на јавноста зошто му понудија на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да влезат во неговата Влада наместо Вреди со само 4 министерства, без претседател на Собрание и со ветување дека ќе му одработат на локалните избори во 2025 неговите кандидати за градоначалници да победат во Кичево и Струга. Време е за вистината“, реагираат од Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ