недела, 23 јуни 2024

Во Прилеп отворена изложба на тема емиграцијата

Во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата „Испразнетото гнездо“ од уметницата Марија Конеска. Преку своите дела, Конеска говори за емиграцијата.

Објавено на

часот

Сподели

Отворајќи ја изложбата, Викторија Димеска, историчар на уметност, рече дека станува збор за инсталација со фотографии печатени на пластика, на кои се претставени напуштени куќи, градби и игралишта.

Со богат визуелен јазик на автентичен начин ја опишува емигрантската приказна и ја претставува животната приказна која ја остава секој иселеник зад себе.

„За да ја акцентира тридимензионалноста во просторот и сегашноста и да го вовлече посетителот како активен учесник во визуелната композициска нарација, уметницата пред фотографиите поставува пластични силуети, претходно исечени со ласер.Поставените силуети потсетуваат на одамна минато време обременето со заборавени уморни ветувања, сенки без спомени“, рече Димеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ