Јужна Кореја е погодена трет ден по ред од поројни поплави и свлечишта од поројните дождови, поради што стотици луѓе се евакуирани. Околу 880 луѓе биле евакуирани низ целата земја до 6 часот наутро, според Министерството за внатрешни работи и безбедност, но се очекува бројот на евакуирани да се зголеми бидејќи браната во северната провинција Чунгчеонг се прелеала.
Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, прекин на електричната енергија и штети на инфраструктурата низ целата држава.
Официјални лица рано утринава соопштија дека водата се прелеала од брана во централната провинција Северен Чунгчеонг.
Премиерот Хан Дук-су побара помош од војската во спасувањето.
Како што пренесува Радио Слободна Европа, во моментов три лица се водат како исчезнати, а неколку се повредени.