четврток, 26 септември 2024

„Во ист ритам“ – кампања за подигање на јавната свест за родовата еднаквост

„Во ист ритам“ е новата кампања насочена кон младите луѓе во земјата која во наредниот период ќе ја спроведува Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА. Кампањата „Во ист ритам“ се фокусира на младите како целна група на која ѝ е потребна значителна поддршка, со солидарност, грижа за нивната добросостојба и поттик за поголемо учество во општествените процеси. Истовремено, кампањата има за цел да ја информира јавноста за придобивките од родово сензитивно образование кое вклучува и сексуално образование, како и политики за поддршка на родова еднаквост во земјата.

Објавено на

часот

Сподели

Младите се во фокусот на работата на ХЕРА како организација која со години работи на програми и сервиси наменети за младите луѓе со цел да им се овозможи широк спектар на услуги и поддршка за здравствена грижа, родово сензитивно образование, сеопфатно сексуално образование, грижа за менталното здравје и генерално добросостојбата на младите.
Во таа насока, во рамки на ХЕРА функционира и „ХЕРА млади“ што произлезе од потребата на младите да бидат слушнати и да ги преземат работите во свои раце секојпат кога приоритетните прашања за младите не се истовремено приоритетни прашања и за институциите. Денес неформалната младинска група на ХЕРА брои над 90 млади на возраст од 16 до 25 години кои посветено ја подигаат свеста и ги едуцираат своите врсници за сексуалното и репродуктивното здравје и права преку врсничките едукации за сеопфатното сексуално образование.
Кога сите млади имаат еднакви услови за учење, изразување и личен раст, тие можат да ги ослободат своите потенцијали и да придонесат кон градење на посилно и поинклузивно општество. Нивниот глас треба да биде слушнат, нивните идеи треба да бидат прифатени и нивните права треба да бидат заштитени. Неопходно е сите млади луѓе да имаат можност да се развиваат во ист ритам, бидејќи на тој начин се создава силна основа за иднината на нашата заедница.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ