четврток, 10 октомври 2024

Гостивар ја победи Шкендија и се качи на врвот во ПМФЛ

Во рамките на вонредното седмо коло во Првата македонска фудбалска лига, во попладневниот термин се одиграа пет натпревари. Најголем победник во оваа рунда без е Гостивар кој ја совлада Шкендија и се качи на врвот на табелата.

Објавено на

часот

Сподели

Гостиварчани приредија изненадување, како домаќин на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ја совладаа Шкендија со 3-1. Со оваа победа Гостивар го презеде првото место во ПМФЛ, токму од тетовчани нанесувајќи им го првиот пораз. Со головите на Ајдоган и Симоновски домаќинот дојде до двојна предност. Иако во завршницата Бесарт Ибраими намали на 2-1, Шкендија не успеа да се врати. Во судиското продолжение Алдаир реализира пенал за конечниот резултат.

Реми без голови одиграа екипите на Пелистер и Работнички на „Петар Милошевски“ во Битола. Домашната екипа може да биде позадоволна со исходот на мечот бидејќи котира во долниот дел на табелата во ПМФЛ. Исто така без погодоци заврши и натпреварот меѓу Брера и Тиквеш.

Уште двете преостанати средби завршија без победник, а тие беа своевидни изненадувања. Шкупи на домашен терен не успеа да ја победи Беса (1-1), стрелци беа Едмундсон и Али. Слично беше и во Охрид, но таму Воска Спорт како домаќин ѝ откина два бода на Струга (1-1).

Вечерва во 20:00 се игра дербито на „Градски“ меѓу Вардар и Силекс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ