недела, 13 октомври 2024

Шефот на израелската армија: Се подготвува копнена офанзива против Хезболах во Либан

Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-потполковник Херзи Халеви изјави дека се подготвува копнена офанзива против Хезболах во Либан, заканувајќи се со „силен одговор“ на ракетата истрелана кон Тел Авив.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Халеви им кажа на војниците на Седмата оклопна бригада за време на симулација на копнена офанзива во Либан дека „можете да ги слушнете авионите, ние напаѓаме цел ден за да ја подготвиме областа за можноста да влезете во Либан и исто така да продолжите да го напаѓате Хезболах“.

Шефот на израелската армија изјави дека Хезболах денеска го проширил опсегот на огнот, пренесоа израелските медиуми.

„Подоцна денеска ќе добијат многу силен одговор“, најави Халеви откако Хезболах утрово истрела ракета во централен Израел. Ракетата била пресретната и нема информации за жртви или материјална штета.

„Денеска ќе продолжиме, не застануваме, продолжуваме да напаѓаме и продолжуваме да напаѓаме секаде. Нашата цел е многу јасна, безбедно враќање на жителите на север“, изјави началникот на Генералштабот на израелската армија (ИДФ).

„За да го направиме тоа, подготвуваме маневар“, додаде тој.

Израел тврди дека цели на борците на Хезболах и складишта за оружје, а либанските власти велат дека израелската војска погодува цивилни локации.

Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч соопшти дека израелските воздушни напади во Либан низ целата земја ги доведуваат цивилите во сериозна опасност и повика на истрага на ОН за Либан и ракетниот истрел на Хезболах врз северна израелска територија.

Истата организација документирала повеќе од 1.000 израелски напади во Либан, откако израелската војска објави нова фаза во конфликтот со Хезболах, кој истрела повеќе од 200 ракети врз градовите во северниот дел на Израел.

Организацијата оцени дека во израелските предупредувања за евакуација во рок од два часа од исток кон југ на Либан, не било дадено соодветно време за бегство, тоа би можело да се граничи со кршење на меѓународното право, пренесува Асошиејтед прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ