На „Патеката на славните“ лично својата ѕвезда ја откри Питер Бижу, ланскиот добитник на наградата златна „Камера 300“ за животен опус.
Британскиот кинематографер Бижу својот прв и единствен Оскар го доби во 1988 година за американската драма „Мисисипи гори“ во режија на Алан Паркер, а во која настапија актерите Џин Хекман и Вилијам Дефо. Во плодната кариера на Бижу е сврстена соработката со познатата актерско-сценаристичка група „Монти Пајтон“.
На свеченоста во Битола, во присуство на директорот на фестивалот Симеoн Мони Дамески, лауреатот, Бижу силно викна – „Сите сме Манаки“!
Својата ѕвезда ја откри и францускиот кинематографер Бруно Далбонел, годинашен добитник на наградата Златна „Камера 300“ за животен опус.
Далбонел во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“ прв пат стана лауреат во 2022 година кога беше награден со специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, а годинава и за животно дело. Далбонел освоил две од вкупно шест номинации за Оскар, а вечер во Битола во негова чест ќе биде емитуван филнот „Амели“.
Од денеска на Широк сокак за јавноста видлива е и ѕвездата на еден од најголемите светски кинематографери, Роби Милер од Холандија кој почина на 78 – годишна возраст. Милер во 2002 година беше добитник на специјална награда златна „Камера 300“ за специјален придонес во филмската уметност, а во 2016 година беше награден со златна „Камера 300“ за животно дело.