вторник, 8 октомври 2024

Германија издаде неколку налози за апсење за саботажата на Северен тек

Во текот на истрагата за саботажата на гасоводот Северен тек се издадени неколку налози за апсење, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Распишани се потерници. Тоа е вообичаено нешто во уставна држава. Потоа доаѓа судење, а на крајот на судењето се носи пресуда“, им кажа Хебестрајт на новинарите на редовен брифинг.

Тој истакна дека истрагата е во надлежност на германското главно обвинителство.

Претходно германски медиуми пренесоа дека е издадена само една потерница, па весникот Зидојче цајтунг, повикувајќи се на заедничка истрага со телевизијата АРД и весникот Цајт, извести дека германското обвинителство издало налог за апсење на украински инструктор по нуркање осомничен за вмешаност во експлозијата на Северен тек.

Германското обвинителство, како што истакнуваат, сомничи уште двајца украински инструктори по нуркање за вмешаност во саботажата.

Освен тоа, германските медиуми ја обвинија Полска за недостиг од соработка во истрагата за саботажата на гасоводот. Според германските истражители, полските власти „не биле спремни да соработуваат од самиот почеток“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ